еМагазин
Свет

(ВИДЕО) Авион принудно слета на плажа на Флорида

Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите.

Откако виделе дека авионот слетува кон нив, оние кои се сончале на плажа веднаш снимале со мобилните, по што видеото заврши на социјалните мрежи.

Авионот што бил принуден да слета во плиткото, како што пренесува „Јутарњи лист“, е едномоторен „ТБМ Авенџер“ кој учествувал на аеромитинг во близина на плажата, имал механички дефект во текот на летот, но пилотот успеал да слета и да излезе од него.

„Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на несреќата, а пилотот не беше повреден“, изјавија организаторите на аеромитингот.

МИА/Фото/видео: 6abc.com/Global News/Nickolas Tree Hawley via Storyful

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пронајдени делови од урнатиот Боинг 737: Рибари ја пријавиле несреќата, а воен брод го откри сигналот од локаторот на авионот

Редакција

Германската компанија „Бајонтек“ и американската „Фајзер“ развија вакцини против корона вирусот, кои се ефикасни и безбедни

Редакција

„Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница