еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вонреден инспекциски надзор во Собранието: Ковид-мерките се почитуваат, нема неправилности

Државниот инспекторат за труд вчера извршил вонреден инспекциски надзор во Собранието, не констатирал никакви неправилности и оценил дека мерките предвидени со регулатива за заштита од Ковид-19 се во целост обезбедени.

Како што соопшти Инспекторатот, увид бил направен во работните простории на Собранието, канцелариите, салите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и излезите.

„Претставникот на субјектот за надзор, ги приложил донесенитe акти за спроведување на мерките за заштита и спречување на коронавирусот, кои сукцесивно се донесени и се применуваат од почетокот на пандемијата од страна на работодавачот, а кои се однесуваат на работата на службите во Собранието и одржувањето на седници одобрени од Министерство за здравство, Комисија за заразни болести.

При надзорот извршен на 19 април не се констатирани неправилности. Мерките предвидени со наведената регулатива се во целост обезбедени од страна на Собранието,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Гласањето во скафандери во македонскиот Собрание хит во регионов: „Вирус е вирус, но кворум е закон“

И ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собрание

Левица поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собранието

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен суд: Одлуката за задржување на висината на платите на функционерите е донесена едногласно

Редакција

Детали од Обвинителството за убиството во Струга: Со повеќе убоди од нож и пресудил додека биле на гости кај пријатели

Редакција

ДИК: До 15 часот на гласање излегле 31,78 отсто од гласачите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница