еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Владата го усвои шестиот пакет антикризни економски мерки

Владата на денешната 66. седница го усвои шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени, со цел превенирање на ширењето на коронавирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година.

Првата кредитна линија од овој пакет е за поддршка на медиуми со која ќе бидат опфатени 55 компании за поддршка на нивната ликвидност преку креирање на посебна кредитна линија во износ од 61.500.000 денари, со 0% каматна стапка.

Следната мерка од овој пакет е за поддршка на ликвидност на 2.600 компании во вкупна висина од 123.000.000 денари за деловни субјекти кои оствариле и ја ре-инвестирале добивката за 2020 година и таа ќе се реализира со субвенционирање на каматни стапки по основ на одобрени кредити за ликвидност и обртни средства од деловните банки со максимален износ до 10% од остварената добивка на деловните субјекти во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шестиот пакет мерки тежи 17,8 милиони евра, насочен е кон 12 категории на дејности

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Објавен огласот за финансиска поддршка за струја за лицата со ниски примања

Редакција

Замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најави Бектеши

Редакција

Стапката на невработеност во Македонија лани била 16,4 отсто

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница