еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.12.2020 и неплатени до 31.03.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата може да се забележат имињата на големи јавни претпријатија, познати македонски фирми и спортски клубови.

Така компанијата „ТЕ-ТО“ должи 361 милиони денари, „Национални шуми“ должи 265 милиони денари, „Комуналец Прилеп“ должи 73 милиони денари, ФК „Вардар“ должи 24 милиони денари, „Меѓународен сојуз“ должи 6,6 милиони денари, „БМЈ Медиа груп“ должи 6,7 милиони денари…

Целата листа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова листа должници на УЈП: 4.519 граѓани и фирми должат 157 милиони евра за данок и други давачки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Витаминка“ ја зголеми добивката и покрај кризата од корона вирусот

Редакција

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви купи гориво од ОКТА за 4,3 милиони евра

Редакција

Од Ковид-19 почина едно лице од Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница