еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за убиството во Струга: Убиецот сакал да побегне, но бил спречен

На 20.04.2021 во 19.15 часот во СВР Охрид, Е.Т.(49) од Струга пријавил дека околу 19.00 часот, додека С.Р.(34) и Ј.Р.(39), двајцата од Битола, со привремено живеалиште во Струга, биле во неговиот стан, каде биле присутни уште неколку лица, по претходна расправија, Ј.Р. со нож ја нападнал неговата сопруга С.Р. и ѝ нанел повреди, информира МВР.

„Според пријавеното, тој се обидел да побегне, но бил спречен, по што со ножот сам се повредил.

Од екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај С.Р., а Ј.Р. бил префрлен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Струга.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено за обдукција“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од Обвинителството за убиството во Струга: Со повеќе убоди од нож и пресудил додека биле на гости кај пријатели

Убиство и обид за самоубиство во Струга: Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Молк од Софија за провокациите на Костадинов за Македонија, осуда стигна и од Украина

Редакција

За една недела, нивото на Охридското Езеро покачено за седум сантиметри

Редакција

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП: Компании и фудбалски клубови должат милиони

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница