еМагазин
Image default
Локално

Малолетник од Куманово се обидел да силува 13 годишно девојче од Штип

Петнаесет годишен малолетник од Куманово се обидел да обљуби 13 годишно девојче од Штип.

Вчера во близина на пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип во периодот од 17 до 19 часот малолетникот се опбидел да изврши обљуба врз девојчето, кое барало помош.

Случаен минувач слушнал како девојчето повикува и бара помош, по што веднаш повикал полиција.  Полициските служби го лишиле  од слобода малолетникот од Куманово.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека 15 годишниот малолетник од Куманово и две години помалото девојче од Штип се запознале на социјалните мрежи, каде и имале комуникација.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезнатото момче од Струмица заминало во Бугарија, каде живеела неговата мајка, нема информација дали е кај нејзе

Редакција

Претепан скопјанец: Го пронашле во бесознание во близина на диско во Градски парк

Редакција

27-годишна жена од штипско починала откако ја каснал крлеж, неколку дена откако ѝ го извадиле дома

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница