еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 661

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 8 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле билe примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 272 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни,“ се вели во соопштението.

Во него се доава дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жан Митрев: Не се сомневам во истражната постапка само барам ова психичко малтретирање да заврши

Редакција

Османи во посета на Брисел, најавена средба и со неговиот бугарски колега Стоев

Редакција

Жбогар: Почеток на преговорите со ЕУ само ако се спроведе договорот со Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница