еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Борисов: ГЕРБ одлучи да го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, во раните утрински часови оддржа изненадувачки говор од неговиот дом во Банки, во друштво на кандидатот за премиер на коалицијата ГЕРБ-СДС, Даниел Митов, Цвета Карајанчева, претседателка на парламентарната група, Десислава Јатанка Атанаскова и градоначалничката на Софија, Јорданка Фандаков.

Тој побара од раководството на ГЕРБ да му го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада на претседателот Румен Радев.

– Информирајте го претседателството дека е ова одлука на Извршниот комитет. Одете, вратете се и работете во парламентот. Бугарите се мудар народ и затоа не не оставија да управуваме сами, коментира Бојко Борисов.

Тој додаде дека партиите од протестите, заедно со бугарските социјалисти, имале огромно мнозинство од 165 пратеници од вкупно 240 во Националното собрание. Тој предвидува дека новото мнозинство нема да може да ги спроведе идните избори во Бугарија и дека доколку целта е формирање на доживотна привремена влада, тој кажа дека станува збор за напад на демократијата.

– Нема да можат да се справат со електронското гласање, по пошта, ќе направат голем проблем. Очигледно е дека немаат ниту правен капацитет. Тие не успеваат во се што ќе допрат. Да постават правила што сакаат. Нивното име е отровно, додаде Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демократска Бугарија и Има таков народ ја одбија партијата на Борисов за нова бугарска Влада

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради пожар затворена за сообраќај обиколницата кај Битола, лесно повредени двајца пожарникари

Редакција

(Фото) Андријана Јаневска стана доктор на науки, собра над 150 македонски народни песни во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Редакција

Нови 1.320 случаи на Ковид-19, од 4.738 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница