еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Во Израел се испитуваат случаи на воспаление на срцев мускул, после примена вакцина „Фајзер“

Израелското Министерство за здравство вчера соопшти дека истражува мал број случаи на воспаление на срцевиот мускул кај луѓе кои примиле вакцина на „Фајзер“ против Ковид-19, но сè уште не дошло до заклучоци.

Според „Фајзер“, не е забележана поголема стапка на ова заболување отколку што обично се очекува кај општата популација.

Израелскиот координатор за одговор на пандемијата Нахман Аш рече дека прелиминарната студија покажала десетици појави на миокардитис што се случиле кај повеќе од пет милиони вакцинирани лица, пред сè по втората доза.

Аш додаде дека не е јасно дали ова е невообичаено високо и дали е поврзано со вакцината.

Како што е соопштено, повеќето случаи се пријавени кај лица на возраст до 30 години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска ослободена за „Тврдина“, Грујевски, Јакимовски и Бошковски добија затворски казни

Редакција

47-годишниот Владо Симјановски треба да се оперира од рак на бели дробови, потребни се средства

Редакција

Ученици денеска си споделуваа во вибер-групи тестови од државната матура откако почна испитот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница