еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтинуваат Еуросупер БС-95 и мазутот, останатите нафтените деривати со непроменета цена

Цените на нафтените деривати остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95, кој се намалува за половина денар.

Пониска цена од полноќ ќе има и мазутот.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67 денари за литар, а на Мазутот 34,5 денари за килограм.

Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари, на дизелот 58,5 и на Екстра лесното масло за домаќинство 58 денари за литар.

Цените на нафтените деривати се менуваат секој понеделник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Грин Машинс“ од Велес годинава ја стартува со испорака на возила во Франција

Редакција

Алкалоид со раст на приходите и добивката во првите шест месеци од годинава

Редакција

Колку пари од Буџетот за 2024 се одвоени за изборите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница