еМагазин
Image default
Балкан

Ако формираме влада ќе зависиме од други, вели Трифонов по најавата дека и неговата партија ќе го врати мандатот

Во видео-коментар на Фејсбук, лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, изјави дека не бега од одговорноста.

„ГЕРБ е прва, тие не успеаја да формираат влада. Не можеме да формираме стабилен кабинет, бидејќи немаме потребен број пратеници и потребни ни се партнери за да се случи вакво нешто.

Тоа е исто како на камиказа, кој не сака да изврши самоубиство, да му кажете „ти си кукавица“. Во таква ситуација, не можеме да формираме кабинет,“ категоричен е Трифонов.

Според него, формирањето влада што ќе дејствува како малцинска ќе зависи од оние кои се дел од нешто против што тие се борат како партија.

„Тие не можат да владеат, народот не одлучи така. Ако формираме влада во моментов ќе бидеме зависни и управувани од партиите што ќе ја поддржат,“ рече Трифонов.

Лидерот на втората најголема партија во бугарскиот Парламент истакна дека тие не можат да бидат зависни, особено од „докажаните компромитирани политички субјекти, кои се алчни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мириса“ на нови избори: И Слави Трифонов го враќа мандатот за формирање влада во Бугарија

МИА/Фото: Фејсбук/Трифонов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ги отвара плажите во сабота: Ограничување од 40 лица на 1.000 квадрати

Редакција

Бранислав Лечиќ даде исказ во полиција: Го негирал силувањето на актерката Даниела Штајнфелд и тоа поминало на полиграф

Редакција

Корона вирусот пристистигна и во Црна Гора

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница