еМагазин
Свет

„Фајзер/Бионтек“ уверени во ефикасноста на својата вакцина и против индиската мутација

Основачот и директорот на лабораторијата „Бионтек“, Угур Сахин изјави денеска дека е уверен во ефикасноста на својата вакцина, која е развиена со американската компанија „Фајзер“, и против „индиската мутација“ на коронавирусот.

„Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина делува против неа,“ истакна Сахин на онлајн прес-конференција.

Тој нагласи дека „Бионтек“ ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 мутации на вирусот и секојпат е добиен барем „доволен имунолошки одговор“.

Варијантата В.1.617, која прво се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.

Според податоците на Светската здравствена организација, меѓу земјите во кои е потврдено присуството на оваа мутација на вирусот, се и Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО подготвува нови упатства за користење на заштитните маски

Редакција

Москва објави видео како руската војска дели хуманитарна помош во Мариупол

Редакција

Омикрон варијантата на коронавирусот се очекува да стане доминантна во Европа во првите два месеци од 2022 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница