еМагазин
Image default
Бизнис

Охридска банка ја зголеми добивката во првите три месеци од годинава

Кумулативниот реализиран финансиски резултат на Охридска банка за периодот од 1.1.2021 до 31.3.2021 г. изнесува 86,9 милиони денари и споредено со истиот период минатата година бележи зголемување за 6,7 милиони денари што е резултат на порастот на приходите од провизии и надомести и намалувањето на останатите расходи, соопшти банката преку Македонската берза.

„Нето-приходите од камати на крајот од првиот квартал од 2021 година изнесуваат 267,5 милиони денари и се на исто ниво споредено со првиот квартал од 2020 година.

Приходите од камати бележат намалување од 9,2 милиони денари, во најголем дел резултат на пониските каматни приходи од пласмани кај секторот компании, кој е под најголем пазарен и конкурентски притисок кај активните каматни стапки додека приходите од камати на кредитите кај населението и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка бележат раст благодарение на волуменскот импакт односно зголемената состојба.

Каматните трошоци бележат намалување за 9,4 милиони денари при што намалени се трошоците по камати и кај депозитите на население и кај депозитите на компании на што влијание имаа промените во рочната структура на депозитите поврзано со комерцијалните мотиви и потреби кај правните лица, и преференцијата за пократкорочна достапаност за физичките лица.

Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 89,9 милиони денари, е зголемен за 11,4 милиони денари во однос на истиот период минатата година.

Приходите од провизии се зголемени за 19,9 милиони денари, додека трошоците по провизии и надоместоци бележат помало зголемување од 8,5 милиони денари.

Приходите од провизии и надоместоци бележат пораст на кој поголемо влијание имаат порастот на провизиите од платните системи, картичното работење, провизиите по услуги на електронско и мобилно банкарство.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 27,1 милиони денари и се намалени за 4,2 милиони денари или за 13,5 % во споредба со истиот период од минатата година поврзано со генерално намалената активност на стопанските субјекти и соодветно ценовниот аспект поради релативно пониската понуда.

Другите приходи изнесуваат 5,5 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се зголемени за 2,6 милиони денари.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од првиот квартал од 2021 година изнесува 96,6 милиони денари и во споредба со истиот период во 2020 година, бележи зголемување од 17,6 милиони денари, или 22,3 %.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ март изнесуваат 206,5 милиони денари и во споредба со претходната година, бележат намалување од 14,3 милиони денари или 6,5 % .

Намалување во првиот квартал има кај трошоците за вработени, трошоците за амортизација, трошоците поврзани со службените патувања“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпаркасе ќе плати 5.577 денари за акција од Охридска банка на акционерите кои не сакаат замена на акциите

Фото: Охридска банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ребалансот на Буџетот помина на Влада: Предвидено е задолжување преку еврообрзници до 800 милиони евра

Редакција

ОПЕК го намалува производство на нафта: Не очекува поскапување на бензините

Редакција

Договор од 1,4 милион евра склучи ЕСМ со „Мај комерц-леар“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница