еМагазин
Image default
Локално

Пожар во стан во зграда во Тетово, нема повредени

Нема повредени во пожарот што се случи утринава околу 8 часот во стан на булеварот „Маршал Тито“ спроти зелениот пазар во Тетово. Изгоре дел од стан што се наоѓа на третиот кат од зградата со пет ката и поткровје.

-Интервениравме со две возила и осум пожарникари. Пожарот беше пријавен околу 7 часот и 50 минути, а за еден час беше локализиран и ликвидиран. Пуштивме линија-црево во вода до самиот стан и интервениравме во гасење на огнот и спречување на ширење кон останатите станови.

Станот е блиску до пожарната и за кратко време стигнавме до местото за интервенција, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна единица.

По гаснењето на огнот започнат е увид од страна на службениците на тетовската полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силниот ветер низ Македонија оштети покриви, урна дрвја, предизвика пожари

Редакција

Со пиштол одзел 2,6 милиони денари, фатен разбојникот кој ограби банка во скопски Аеродром

Редакција

Измама во Гостивар: „Канаѓанец“ му зел 500 евра за болнички услуги, а во залог му оставил „златен часовник“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница