еМагазин
Свет

„Фајзер/Бионтек“ бараат одобрување од Европската агенција за лекови, за вакцината за деца од 12 до 15 години

„Фајзер/Бионтек“ потврдија денеска дека до Европската агенција за лекови (ЕМА) понделе барање за проширување на примената на нивната вакцина против коронавирусот кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Компаниите, претходно овој месец, поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД за својата вакцина, која е веќе одобрена за употреба кај луѓето на возраст над 16 години и во САД и во ЕУ.

Нивното барање е врз основа на позитивните резултати од клиничкото испитување во доцна фаза, кое опфатило 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија од компанијата.

Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски изјави неодамна дека очекува вакцината на „Фајзер/Бионтек“ да биде одобрена за деца од 12 до 15 години до средината на мај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Руски конвој кој се движи кон Киев е уништен од воздушен напад, тврди украинското Министерство за одбрана

Редакција

СЗО: Најлошото не е поминато, можни се трет и четврти бран

Редакција

Милијардерот Илон Маск го продава речиси целиот свој имот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница