еМагазин
Свет

Австралија донесе одлука да ги испрати во затвор граѓаните кои се враќаат од Индија и да платат парична казна

Одлуката на австралиските власти своите државјани кои сакаат да се вратат од Индија да ги испратат во затвор, предизвика критики и е оценета како расистичка мерка со која се кршат човековите права.

Откако владата во Канбера ги забрани сите летови од високо ризичните земји до 15 мај, од денеска секој Австралиец кој ќе пристигне од Индија, се соочува со парична казна и затворска казна до пет години, пренесува Би-Би-Си.

Австралискиот премиер Скот Морисон ги негираше обвинувањата за расизам.

– Истите обвинувања беа упатени до владата пред повеќе од една година кога ги затворивме границите за континентална Кина. Во пандемија нема ниту политика, ниту идеологија. Сето ова нема никаква врска со политиката, ова е вирус, изјави Морисон за сиднејската радио станица 2GB.

Се проценува дека во Индија има околу 9.000 Австралијци, од кои 600 се класифицирани како „загрозени“.

МИА/Фото: Photo by Dan Freeman on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над три милиони лица заразени од корона вирусот во светот, починати 211.663

Редакција

Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата, изјави Путин по средбата со Ердоган

Редакција

Надвор од Азија, најмногу заболени од коронавирусот има во Италија, 152 лица и 3 смртни случаи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница