еМагазин
Бизнис

Жито лукс за три месеци оствари нето добивка од 5,5 милиони денари

Во првото тромесечие од 2021 година, Жито Лукс АД Скопје оствари нето добивка во вредност од 5.5 милиони денари, претворајќи го негативниот резултат од претходната година во позитивен (2020: -7 милиони денари), информира компанијата преку Македонската берза.

„Бруто добивката е подобрена за 8% (или + 5.7 милиони денари), додека оперативната добивка бележи пораст за 12 милиони денари во однос на првото тромесечие од 2020 година.

Приходите од продажба се намалени за 4%, генерално како ефект од ковид-кризата започната минатата година (вонредно зголемена побарувачка на производи од сегментите брашно и леб со подолг рок, во март 2020 година).

Приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување за 6%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 39% во споредба со првото тромесечие минатата година.

Трошоците на произведени производи се намалени за 8%, следејќи го трендот на намалување на продажбите, но и поради зголемен фокус на компанијата кон рационализација на трошоците и зголемување на продуктивноста.

Ова доведе до значително подобрување на бруто профитната маржа која достигна 29% во 2021 споредбено со 25,7% во истиот период минатата година.

Трошоците за продажба и дистрибуција се намалени за 9%, додека административните трошоци бележат намалување од 14%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Жито Лукс“ излезе од загуба за време на пандемијата од Ковид-19: Лани со добивка од 6,7 милиони денари

Промени во Управниот одбор на „Жито Лукс“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Ќе се ослободат 130 милиони евра за поголема кредитна поддршка од банките

Редакција

Извршители „во напад“ на фирмите на Цветан Панделески

Редакција

Како да изберете добар стан во Македонија?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница