еМагазин
Image default
Бизнис

Прилепска Пиварница со зголемена добивка во првите три месеци од годинава

Прилепска Пиварница АД Прилеп во првото тримесечие од 2021 година оствари вкупен приход во износ од 277.344 илјади денари, кој во споредба со остварениот вкупен приход во 2020 година од 301.148 илјади денари покажува остварување од 92,10%, информира компанијата преку Македонската берза.

“Во структурата на приходите најголемо учество има приходот од продажба на производи од 203.382 илјади денари и учествува со 73,33%, па приходот од продажба на стоки од 65.056 илјади денари, кој учествува со 23,46%, додека останатите приходи од 8.166 илјади денари учествуваат со 2,94% и се остварени по основ на приходи од употреба на сопствени производи, останати деловни приходи и финансиски приходи.

Остварените вкупни расходи во првото тримесечие од 2021 година изнесуваат 277.744 илјади денари и во споредба со остварените вкупни расходи во 2020 година од 310.877 илјади денари бележат намалување и се остварени со 87,41%.

Врз основа на вредноста на остварениот приход од работењето и остварените вкупни расходи во првото тримесечие од 2021 година Друштвото оствари позитивен финансиски резултат од 5.600 илјади денари и истиот е далеку поповолен споредено со остварениот резултат во истиот период од 2020 година“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смени во менаџментот на Прилепска пиварница

Кирил Самарџиоски ги подари акциите и си даде оставка од „Прилепска пиварница“, Сашко Самарџиоски нов претседател на Управниот одбор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија со поголем удел од Македонски Телеком во вкупниот број претплатници на мобилна телефонија

Редакција

Државното правобранителство вработува шест лица, плата до 28.068 денари

Редакција

ЕСМ склучи договор со „Спектартермо“ вреден 2,1 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница