еМагазин
Image default
Локално

Нова услуга за сметките за вода во Скопје: Скенирај и плати брзо без провизија

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје воведе нова можност за корисниците на своите услуги. На фактурите за месец април е поставен персонализиран QR код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга „инстант плаќање“ и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето без провизија.

„ЈП Водовод и канализација“ – Скопје како јавно претпријатие во служба на граѓаните ја зголемува достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod- skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата поставени на неколку локации низ градот – Супер Тинекс 1 Годел, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје,“ се вели во соопштението.

Фото: Водовод

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за сообраќајката кај Битола, во која беа повредени 20 лица

Редакција

Уште една жртва на скопските улици: Почина пешак по удар од „Шкода Октавија“

Редакција

Обвинителство предлага психијатриско лекување: Момчето од Драчево кое си ја уби бабата ималo трајна душевна болест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница