еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија засега нема да дава ваучери за тие што ќе се вакцинираат, по примерот во Србија

Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека Македонија засега нема да дава ваучери за граѓаните кои што ќе се вакцинираат, како што тоа се прави моментално во Србија.

На новинарско прашање одговори дека сега се во фаза на апелирање за граѓаните да се пријават за вакцинација, а и немаме толку многу вакцини за да се отворат вакцинални пунктови како во Србија, па секој без термин да може да дојде да се вакцинира.

Граѓаните во Србија, како што најави српскиот претседател Александар Вуќиќ ќе добијат 3.000 динари ако се вакцинираат, а се повеќе компании, угостителски објекти и трговски центри почнаа да нудат разни поволности за вакцинираните и тие што сакаат да се вакцинират.

Ваков тренд започнува и во САД, каде се нудат автомобили, бесплатни пијалоци, бесплатни тетоважи.. за вакцинираните и тие што сакаат да се вакцинираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе нуди ли и Македонија ваучери и пари, како Србија за да се вакцинираме

Србија ќе им плаќа на граѓаните за да се вакцинираат, најави Вучиќ

(ВИДЕО) Хаос во белградскиот трговски центар „Ушче“ по најавата дека граѓаните ќе добијат ваучер, ако се вакцинират

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемија со Ковид-19, бугарско вето за ЕУ, Македонија стана членка на НАТО: Настани кои ја одбележаа 2020

Редакција

(Видео) Етно&Џез проектот на Дани Димитровска и Никола Мицевски со свежо издание на „Дејгиди, луди млади години“

Редакција

Каков имот имаат Пендаровски, Река и Силјановска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница