еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Што се и каде ќе може да се легализира: Усвоен законот за легализација на дивоградби

Македонското Собрание вчера по скратена постапка го изгласа Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

За Законот 72 пратеници гласа „за“, тројца беа воздржани, а пет „против“.

Што предвидува законот?

Со Законот е дозволено и легализирање на дивоградби во заштитени подрачја, како национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачје на заштитено недвижно културно наследство, како и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.

Законот вклучува и легализација на гаражи, остави и базени, изградени на диво.

Законот предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на оваа законско решение, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.

Тој ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно законот.

Со оваа законско решение не се опфатени дивоградбите во границите на Охридскиот регион, каде има природното и културното наследство. Истото важи и за дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.

Законското решение предвидува иземање од плаќање на комуналии за корисници на парична помош од социјална заштита, државните органи и локалната самоуправа и верските организации.

Целиот закон, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ламбе Алабаковски доби условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

Редакција

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски позитивен на корона вирусот, хоспитализиран е на Инфективна клиника

Редакција

Од ЗНАМ ги соопштија кандидатите за заменици министри

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница