еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште 30 дена притвор за Камчев, за „Плацеви на Водно” определен притвор и за Груевски

Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК) за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно”.

Оваа одлука на Кривичен суд Скопје, следеше откако денеска ОЈО ГОКК, поднесе обвинение за наведениот случај.

Освен за осомничениот Камчев, судот му определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и на првоосомничениот Никола Груевски.

Мерки на претпазливост за како што известија од судот им биле определени и на осомничените Н.Ј. и Р.К.К.

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно” e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите.

Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување, соопштија од Кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Груевски и Мијалков за „Плацеви на Водно“, побарани нови 30 дена притвор за Камчев

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Разбиена организирана група на шверцери на дрога, приведени три лица, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Редакција

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Редакција

Хоџа од Беса денеска ќе поднесе оставкa од министерската функција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница