еМагазин
Image default
Македонија

Рестриктивните мерки би продолжиле уште една недела, но ќе се знае во понеделник, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во понеделник ќе се дискутира дали ќе продолжат рестриктивните мерки или ќе има олабавување.

Лично тој смета дека сегашните мерки, треба да продолжат уште една недела и засега нема изгледи дека би имало влошување на епидемиолошката состојба со вирусот.

Она за што би можело да се дискутира е да се укине мерката за носење на маски на отворено, а носење на маска при групирање во затворен простор, би останало како мерка.

Во однос на барањето на угостителите за зголемување на бројот на гости, Филипче рече дека ќе се разговара околу тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иако беше најавено дека до 15 мај сите пријавени ќе добијат термин, помладите сепак ќе почекаат за вакцина, најави Филипче

Кај пациент од Делчево бил откриен јужноафрикански сој на коронавирусот во март

Денеска ќе пристигнат 38.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре 100.000 од „Синофарм“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците е веќе поделена, викендов ќе има два конгреси, едниот го свика Таравари, другиот Села

Редакција

До средината на јануари сите деца од Домот „11 Октомври“ ќе бидат сместени во мали групни домови

Редакција

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница