еМагазин
Image default
Македонија

(ФОТО) Спасовски во Куманово се вакцинираше против Ковид-19 со кинеската вакцина „Синофарм“

Денеска ја завршив мојата граѓанска, но и лична должност и одговорност – се вакцинирав овде, во вакционалниот пункт во Куманово. Тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, имајќи  предвид со што се соочивме со пандемијата со ковид-19. Навистина, само вакцинцијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по примањето на вакцината против Ковид-19 денеска во Куманово.

Спасовски изрази задоволството што граѓаните на Куманово имаат добра пријавеност за вакцинирање, а над 10% од населението на градот веќе е имунизирано, што на дело ја покажува одговорноста како град во однос на процесот на имунизација.

Во однос на вакцините, министерот Спасовски истакна дека без разлика која вакцина ја примаме, имунизацијата е единствен начин да се спречат тешки форми на Ковид-19 и фатални последици.

„Сите вакцини се проверени, безбедни и добро е што во последно време имаме генерално голем број на граѓани кои изразија желба да се вакцинираат, па уште еднаш апелирам до сите да се пријават на vakcinacija.mk, каде ќе добијат термин и да ја завршат и личната и граѓанската одговорност.

На тој начин си помагаме себе си, но и на нашите семејства и заедницата“, посочи Спасовски, додавајќи дека вакцинацијата не е крај на борбата против Kовид-19, а посебно во периодот после вакцинирањето треба да се внимава и особено да се почитуваат мерките за заштита, како што е носење на заштитни маски, одржување на растојание и, генерално, мерките коишто ги пропишува Владата.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фани Каранфилова Пановска нова заменик претседателка на СДСМ, на местото на Сања Лукаревска

Редакција

Нови 280 случаи на Ковид-19 од 3.929 тестирања

Редакција

Потрошувачката е зголемена, но нема недостиг од лекови, велат од Министерството за здравство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница