еМагазин
Балкан

Во Грција се појави „атинска“ варијанта на Ковид-19, слична на нигерискиот сој

Варијанта на веќе постоечка мутација, што се појавила во центарот на Атина, претежно кај мигранти, предизвикува загриженост кај грчките епидемиолози, пишуваат медиумите во Грција.

Грчките медиуми, мутацијата Β 1.1.318 (Variant E484K), која е слична на нигерискиот сој, ја нарекуваат „атинска“ и пренесувајќи изјави на епидемиолози и професори, пишуваат дека оваа варијанта побрзо и полесно се шири.

Претседателката на Националната комисија за вакцинација, Мариа Теодориду, за конкретната тема, на синоќешната прес конференција рече дека „не може да се каже дека не постои загриженост за било која варијанта што се појавува“, но додаде дека постојат системи за строг надзор и регистрација што го следат развојот.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за мутациите во земјата, до четвртокот од конкретниот сој Β 1.1.318 биле потврдени 829 случаи, што претставува 9,24 отсто од вкупниот број мутации во земјата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор случај на заболен од корона вирус во Хрватска

Редакција

Границата со Грција најверојатно ќе остане затворена и по 1 септември

Редакција

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени на протестите против Договорот од Преспа во Атина и Солун

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница