еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 264 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 264 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациент позитивeн и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 16 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 11 во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

Редакција

Бугарската агресивна позиција кон Македонија создава нација што ја мрази Бугарија, вели поранешниот бугарски претседател Стојанов

Редакција

Немаат сите граѓани пристап до примарна здравствена заштита

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница