еМагазин
Image default
Македонија

Директорката на Македонска авторска агенција, Старделова сведочеше за „Меѓународен сојуз”

Директорката на Македонска авторска агенција (МАА), Нина Старделова, денеска беше сослушана како сведок во предметот „Меѓународен сојуз”.

Предложена од одбраната таа објаснуваше како функционира агенцијата што ја води, а за соработката со невладината „Меѓународен сојуз” наведе дека била според закон.

– Договорот меѓу „Меѓународен сојуз” и „Пелистер” не го сметавме како авторски. Данок беше платен полн. Исто беше постапено и за договорот со „Дрим билдинг”. Го пресметавме данокот, го платија и ние го уплативме нето износот, изјави сведокот Стардалева.

За овие две договори сведокот Стардалева, посочи дека Управата за јавни приходи (УЈП) утврдила дека данокот бил добро пресметан.

Директорката на МАА, рече дека Бојан Јовановски, повеќе од 15 години примал хонорари преку агенцијата што таа ја води.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчева.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како правно лице обвинета е и невладината организација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Изјавата на португалската министерка Закаријаш е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение

Редакција

Сè уште не се знае дали Џафери денеска ќе биде избран за претседател на Собранието

Редакција

Рекордни 870 нови случаи на Ковид-19, во Скопје дури 422

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница