еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот треба да пресече: Обвинителство се согласи Мијалков за 10 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од поранешниот прв човек на Управата за безбезбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков од над 10 милиони евра за да излезе од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор.

-Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзината замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170 евра е прифатлива за Обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, велат од Јавното обвинителство.

Финалната одлука дали Мијалков ќе се брани од слобода треба да ја донесе Кривичен суд.

Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23. февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Груевски и Мијалков за „Плацеви на Водно“, побарани нови 30 дена притвор за Камчев

Поради опасност од бегство, судот одреди 30-дневен притвор за Сашо Мијалков

МИА/еМагазин/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Со изведување на докази продолжи судењето за „Меѓународен сојуз“

Редакција

Леб има и се продава по 33 денари, дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи, најави директорот на Пазарниот инспектoрат Трајковски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница