еМагазин
Image default
Македонија

44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство.

“Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.211 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани.

Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и 30% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто под квалификативот „еден суетен новинар” се препознал Героски тоа треба него да го прашате, вели Заев

Редакција

Груевски открива каков бил односот на Берлускони кон Македонија

Редакција

Закани кон директорот на АВМУ, Трајчевски, поради одбиено барање за одземање на дозволата на Алсат М

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница