еМагазин
Image default
Локално

Растурена домашна забава во Скопје, приведени 28 лица

Полициски службеници од Полициската станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ноќеска во 3 часот на подрачјето на Центар привеле 28 лица поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравествените прописи за време на епидемија“.

– Постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом на улица „Славејко Арсов“, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица присутни на домашна забава, соопшти МВР.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителство за сообраќајката во центарот на Скопје во кој е усмртен пешак

Редакција

Во товарно возило откриени 61 мигрант, возачот избегал

Редакција

Борова шума изгоре во пожар во близина на Ќафасан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница