еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На генералниот директор на Макошпед лани исплатени 1,1 милиони денари

На неизвршните членови на Одборот на директори во текот на 2020 година како надомест за учество во органите на управување им е исплатено бруто износ од 224.004 денари, стои во годишниот извештај за минатата година на Макошпед АД Скопје, објавен преку Македонската берза.

“На генералниот директор по основ на менаџерски договор исплатен е бруто износ од 1.137.334 денари.

Примања на членовите на Одборот на директори по основ на членување во органи на управување во други друштва во извештајната 2020 година во бруто износ изнесуваат 608.443 денари.

Примањата на неизвршните членови на Одборот на директори по основ на бруто плата кај друг работодавец изнесуваат 3.886.089 денари“, се вели во извештајот.

Во Одборот на директори според офицјалната страна на Макошпед членуваат: Марија Каранфиловиќ, генерален директор, Лидија Трајковиќ, претседател, Никола Лазаров и Гоце Димитриоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макошпед“ оствари добивка од 3,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

„Уготур“ ја зголеми сопственоста во „Макошпед“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На Попова Шапка отворен Информативно-едукативен центар и две соларни еко-зони за одмор во две бачила

Редакција

Почина Александар Карадакоски, управителот на дискотеката во Кочани

Редакција

„Ќе плаќа народот за отштета за Мавровка. Така ми личи“: Твитер реакции за уривање на дивоградбата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница