еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Бугарија не среќни со предлогот на Силва и Вархеји и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете, вели Шекеринска

Предлогот на министерот за надворешни работи на Поругалија, Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји покажува дека ЕУ презема засилен, видлив и конкретен ангажман околу Република Северна Македонија и за деблокирање на нејзината евоинтеграција, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа во гостувањето во Само интервју на Канал 5, рече дека можат да се препознаат две добри работи – дека ЕУ активно се ангажира и дека ќе се почитува принципот идентитетските прашања да не се дел од преговарачката рамка.

Според неа, позитивно е што работите се придвижуваат, затоа што би било лошо да има статус кво и на тоа да се навикнеме и ние и ЕУ. Истакна дека и покрај ниските очекувања, се покажа дека португалското претседателство со ЕУ, сепак, е фокусирано на Балканот и на проширувањето.

Поддршката за старт на преговорите, посочи Шекеринска ја покажува и тоа што огромното мнозинство од 26 земји во ЕУ се за отворање на преговарачкиот процес со С Македонија, а од друга страна само Бугарија е против.

– ЕУ покажува и дека останува доследна на принципот дека на идентитетските прашања не им е местото во преговарачката рамка и во процесот на преговори. Тоа е пронцип кој треба да не радува, рече Шекеринска.

За реакциите во Софија, вели дека е од она што можела да го проследи од медиумските извештаи, Бугарија не е задоволна од предлогот на Силва и Вархеји.

– Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете, рече Шекеринска.

Според неа, работите се уште се далеку од завршени, но радува што ЕУ се ангажира да се дојде до решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И привремениот премиер на Бугарија ја потврди позицијата на Софија за Македонија

За Бугарија неприфатлив предлогот: БГНЕС објави детали од решнието за надминување на спорот со Македонија

Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Македонија, вели министерот Стоев по средбата со Вархеји и Силва

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Недобивањето датум не е пораз на граѓаните, туку на политиките на Заев и власта

Редакција

Ковид-19 ја намали добивката на големите градежници, „Фабрика Карпош“ исклучок со зголемување од 666 отсто

Редакција

15 фамилии го ставија Скопје во карантин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница