еМагазин
Македонија

Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”

Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5.850 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), објави на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, посочува министерот, ја координира Австрија.

-Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на vakcinacija.mk, напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полската болница во сопственост на Армијата ќе биде ставена на располагање ако има потреба

Редакција

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има докази против Сашо Мијалков

Редакција

Најмногу од заразените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 15 до 49 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница