еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Графикон) Расте интересот: За две недели повеќе од 100 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле ва вакцинација.

Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за, како што вели, што поскоро да можеме да ставиме крај на пандемијата.

– Само во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk, a бројот на заинтересирани надмина 400.000.

Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата. #ВакцинирајСе, напиша Филипче на Фејсбук.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Ристановски ја доби наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобар актер

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница