еМагазин
Image default
Македонија

Основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода

На 21.05.2021 година е основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода (ДПС), информираат од партијата.

“На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран долгогодишниот борец за човекови права и граѓански активист, Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу млади, но и веќе докажани соработници и активисти, кои долго време заедно со него ја водеа битката за демократија, права и слободи во општеството.

Во членството на ДПС има плејада на нови луѓе без претходен било каков политички багаж, лица кои се професионалци во своите области и кои заедно ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.

Во текот на наредната недела ДПС ќе има и редовна седница на Централниот одбор каде ќе се бираат претседателство и избор на други партиски раководства на ДПС“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Османи во Софија се сретна и со Бојко Борисов и Кирил Петков

Редакција

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Редакција

Заев-Радев: Посетата е значаен исчекор во дијалогот помеѓу двете држави

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница