еМагазин
Image default
Македонија

За 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно 75 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 14 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.

Вкупно 75 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 78 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров за приведениот дипломат: Во 2019 година се добиени првите индиции, но немаше потерница или пресуда

Редакција

Македонија за 210 милиони долари купува борбени возила од САД

Редакција

Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница