еМагазин
Image default
Локално

Пациент физички нападнал медицинско лице во струмичката болница

Медицинското лице В. Ѓ (51), вработена во струмичката болница, вчера околу 17:35 часот пријавила во полицијата дека била физички нападната од Е. Џ.

За настанот денес информираа преку соопштение од СВР Струмица. Портпаролката Александра Трајанова појасни дека не дошло до поголема физичка пресметка, туку нападнатата пријавила дека била турната од пациентот, кој во болницата дошол со своето дете.

Од полицијата додаваат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетничка од Аеродром ја нападнала нејзината сосетка

Редакција

Дваесет и двегодишник загина во несреќа при работа во Неготинско

Редакција

Приведена 50-годишна дилерка од скопска Ќерамидница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница