еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа нема хоспитализирани пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало примени пациенти, ниту пак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32 пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката од април

Редакција

Жежов: АСНОМ треба да биде пример за понатамошниот развој на идните македонски генерации

Редакција

(Галерија) Македонската убавица Сандра Цветкова за реномираниот магазин „Wedding ideas“ во Лондон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница