еМагазин
Image default
Македонија

Нема никаков проблем со регистарските таблици, ниту со закажување термини за патни исправи, тврди Спасовски

Регистарските таблички пристигнуваат во континуитет и граѓаните врз основа на потребите може да си бараат и да ги подигнуваат. Имавме проблем од аспект на јавните набавки, такви се законските прописи, но тој проблем е надминат и стигнуваат на дневна основа регистарски таблици, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во однос за закажувањето термин за лични карти и зошто не се закажува термин за лична карта по итна постапка, Спасовски рече дека не е невозможно да се закаже термин за лична карта и за патна исправа.

Апелираше до граѓаните да бидат трпеливи во овој дел и потсети дека е изменет и Законот за патни исправи, со цел да им се овозможи на луѓето од дијаспората на кои им истекува патната исправа до 30 јуни и им се продолжува важноста на тие патни исправи до крајот на годината до 31 декември, само за да не се создаде некаков проблем.

– Ако се јавите и ви го дадат првиот термин во јули, тоа е можно да се закаже, нема никаква друга пречка, ниту во набавка на обрасци, ниту во спроведување активноста, едноставно сега најверојатно затоа што движењето малку повеќе се ослободи, доаѓаат нашите пред се од дијаспората во државата. Доаѓа до промена на личните карти, на патните исправи и се создава поголема бројка луѓе кои сакаат да извадат лични документи.

За ова прашање е разговарано во вторникот на колегиум и дадени се одредени насоки, а во Скопје работат во две смени и најверојатно ќе работат и за време на викенди со цел да се дојде до поголема активност во тој дел, изјави министерот Спасовски по денешната работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Нема да функцинира системот за прием и издавање на лични документи во Скопје од 11 јуни од 16 часот до 15 јуни до 20 часот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Голема посетеност на протестот за правда на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара истрага за Заев

Редакција

По бројните притисоци од САД и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека нема да има уставни измени под овие услови

Редакција

Кривична пријава за кичевец заради уништување изборен материјал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница