Нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека доколку продолжат овие бројки на заболени од Ковид-19, овие трендови, после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.
– Тука мислам прво на полицискиот час и второ на препораките за организација на другите настани, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
МИА/Фото: Photo by Colin Lloyd on Unsplash