еМагазин
Image default
Свет

Велика Британија нема да ги укине рестрикциите поради индискиот сој на Ковид-19

Во Велика Британија е зголемена загриженоста поради новиот индиски сој на Ковид-19, кој според истражувањата е за 40 отсто позаразен од претходиот британски вид, изјави британскиот министер за здравство, Мет Хенкок.

Ширењето на варијантата „делта“, првпат идентификувана во април во Индија сега е доминантна во Велика Британија, поради што најверојатно нема да се укинат дел од рестриктивните мерки во земјата како што беше предвидено на 21 јуни. Британските здравствени власти најавија повеќе детали на 14 јуни.

Хенкок истакна дека со новата опасна мутација се инфицираат главно Британци кои не се вакцинирани. Речиси 50 отсто од населението на Велика Британија (од над 60 милиони) примиле прва доза.

МИА/Фото: Photo by Viktor Forgacs on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Волстрит журнал: Кризата во Украина ги прави САД господар на пазарот на гас

Редакција

(Во живо) Погреб на кралицата Елизабета Втора

Редакција

Лукашенко останува претседател на Белорусија, на позицијата е од 1994 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница