еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Србите прават ПЦР-тестови во Македонија, бидејќи кај нив чини 82 евра

ПЦР тестот во Србија чини 9.000 динари (82 евра), што е многу поскапо отколку во Македонија, па оттука голем број на српски граѓани тестовите ги прават кај нас.

Четиричлено семејство за да отиде на одмор во Грција, тестирањето би го чинело 328 евра. Оттука, бидејќи е скапо, тие се тестираат во Македонија, каде што со попусти, тестирањето по лице би можело да чини 2.000 денари.

„Не верувам дека во Србија ќе ја намалат цената на ПЦР-тестовите, бидејќи на властите им е во интерес, граѓаните да се вакцинираат“, изјави за „еМагазин“ српска државјанка која пред да замине во Грција се тестираше во „Жан Митрев“ преку Групер, за што платила 2.000 денари.

Сертификатот го добила на англиски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов бизнис: Хотели во Гевгелија нудат преноќување и тестирање за Ковид-19 за српските туристи кои патуваат кон Грција

Фото: Photo by JC Gellidon on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се обичаите: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Редакција

Цела Македонија останува во фаза 4, на широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција

Нето надворешниот долг на крајот на вториот квартал зголемен за 2,9%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница