еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Врање досега вакцинирани 2.032 Mакедонци, без закажување можно вакцинирање и во Ниш и во Нови Сад

Според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Северна Македонија.

Од денес граѓаните на Северна Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.

Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.

Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на Босна и Херцеговина, можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-Управа.

Достапни се вакцините на “Синофарм“, “АстраЗенека“ и “Фајзер“, додека “Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е-Управа.

Главниот техничар на Здравствениот дом „Нови Сад“, Ненад Вукас, за 021.rs изјави дека странците од овие две земји можат да се вакцинираат на Новосадскиот саем, како и во трговските центри БИГ и Променада, додека вакциналниот автобус ќе ја менува својата локација секој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните на Македонија можат да се вакцинираат во Врање без закажување

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот министер за одбрана, Вулин од Москва: Северна Македонија се почесто ќе ја „напаѓа“ Србија

Редакција

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управители во Европска очна болница

Редакција

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница