еМагазин
Image default
Локално

Денеска посебен режим на сообраќајот во Скопје поради протест на ВМРО-ДПМНЕ

Поради најавен протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, денеска, утре и во четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница), информира Министерството за внатрешни работи.

Од тие причини, како што посочуваат, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокираат крстосници во Скопје и други градови секој ден, се додека Владата не го објави „Патоказот“ за кој разговара со Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж пронајден мртов во куќа во Битола

Редакција

Скопјанец нападнат со нож пред ресторан на улица „Е.П.Марко“

Редакција

Вработен во ЈСП – Скопје заразен со корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница