еМагазин
Image default
Македонија

Пресуда за случајот „Двојник” на 11 јуни

Пресудата за случајот „Двојник” e закажана за 11 јуни. Судијката Оља Ристовка ова одлука ја донесе после денешните завршни зборови на Обвинителството и одбраната на останатите тројца обвините во овој предмет, Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Штипиќ.

Застапникот на обвинителниот предлог, јавната обвинителка Спасенка Андонова, побара осудителна пресуди за обвинетите, а одбраната побара од судот независност при донесување на пресудата и ослободување од обвинение на нивните клиенти.

Обвинителката од ОЈО Скопје, Андонова, во обвинителниот предлог наведува дека обвинетите при злоупотреба на нивната положба прибавиле материјална корист.

Одбраната овој дел од обвинението го спори со фактот дека не е наведен видот на материјална корист, со кој според обвинението е прибавена материјалната корист од издавањето на нелегални македонски пасоши.

Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството побара осудителна, а одбраната ослободителна пресуда во случајот “Двојник“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела во Охрид 231 нови случаи на Ковид-19, во Струга 183, 15 во Дебар

Редакција

Нови 721 случаи на Ковид-19 од 3.816 тестирања

Редакција

Османи вели оти неприфаќањето на “францускиот предлогот“ носело ризици за бесперспективност, кризи и меѓуетнички тензии

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница