еМагазин
Image default
Бизнис

Маловчев, менаџер на „Куба Либре“: Доброволно ќе направевме се што треба, не добивме известување за уривање

Сопствениците на објектите што се предмет на уривање во Охрид истакнуваат дека се затекнати од уривањето, со големи забелешки на целата процедура.

Маријан Маловчев, менаџер на „Куба Либре“ вели дека тие како субјект немаат никаква вина за ситуацијата, концесијата на просторот е платена до 2021 година, а сето она што е изградено од нивна страна е според проект одобрен од надлежните институции уште во 2007 година.

– Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од општината и државата. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме.

Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми, изјави Маловчев.

Од Општина Охрид е најавено дека акцијата на уривање ќе ги опфати сите пет плажи што се опфатени со Генералниот урбанистички план, односно „Куба Либре, „Кадмо“, „Бела Виста“, како и „Канео“„ и „Потпеш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Со полициско обезбедување се демонтира платформата на „Куба Либре“: Почна уривањето на нелегалните објекти на најатрактивните плажи во Охрид

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои се фирмите што добија субвенции од програмата за микро, мали и средни претпријатија?

Редакција

Сковин во загуба

Редакција

НЛБ ги објави платите и надоместоците на членовите на Управниот одбор: Колкава плата има Бранко Грегановиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница