еМагазин
Image default
Македонија

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 4 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно 36 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Нема примени пациенти  во ковид центарот во ГОБ 8 Септември, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти.

Вкупно 36 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово, за да покаже дека низ цела земја се даваат исти вакцини

Редакција

Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат

Редакција

(Видео) Пендаровски од едни исвиркан, од други поздравен со аплауз на Галичка свадба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница