еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Облачно и посвежо денеска и утре, потоа повторно затоплување

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Како што најави Управата за хидрометоролошки работи, во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер.

Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иринеј бачки: СПЦ ниту го фаворизира, ниту може да го забрани името МПЦ

Редакција

Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО

Редакција

Вархеји разочаран што се уште се разговарало за почеток на преговори со Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница