еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Струга нема да остане „црна овца“, вели Мерко по започнување на рушењето на платформите на езерото

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко денеска присуствуваа на почетокот на уривањето на сите шест постојни платформи лоцирани на брегот на езерото во Струга.

Груби во оваа пригода рече дека е за поздравување фактот што оваа акција за отстранување на овие платформи се прави преку еден конструктивен дијалог меѓу општинските власти и бизнис заедницата.

„Зелената агенда е веќе во акција и нема да застане тука,“ изјави Груби.

Мерко ги информирал Груби и Шаќири дека шесте платформи што денес се отстрануваат не се дивоградби, туку нивните сопственици сакаат да се солидаризираат со нивните колеги, сопствениците на сличните концесии во Охрид, затоа што стружани не сакаат нивниот град да остане „црна овца“ и со тоа да ги зголемат шансите градот Охрид да го изгуби статусот на заштитен град од УНЕСКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ станува „зелена партија“: Изненадувањето е тоа што ќе се грижеле за животната средина

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка откупи сопствени акции

Редакција

(Аудио) Пет нови „бомби“: Јанакиески и Јанушев договараат „Бетон“ да плати 190.000 евра за авионски превоз

Редакција

Каков имот пријавил Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации, за кој Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување на грантови на Дрин Ахмети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница