еМагазин
Image default
Локално

Мајка и ќерка го нападнале поранешниот сопруг и татко и неговата партнерка

Ќерка и мајка се лишени од слобода, откако претходно физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка. Случајот од вчера со насилството се расчистува, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг и неговата невенчана сопруга.

Во нападот, според пријавеното, Т.М. користела и остар предмет.

Во пријавата 44-годишниот жител на гостиварско село навел дека нападот во неговиот дом го извршиле две приведени гостиварки.

Од полицијата наведуваат дека случајот се расчистува и документира по што ќе следат и соодветни поднесоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Затворен „Бургер кинг“ во центарот на Скопје

Редакција

Скопјанец пријавил дека сопругата му побегнала од дома со двете деца

Редакција

Во канал за наводнување кај Виница пронајден женски труп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница